Касами: Со дарувањето крв може да спасиме живот, тоа е поважно од употребата на албанскиот јазик и од законот за јазици!

„На прашањето каков е неговиот став околу расправата дали  албанскиот јазик е официјален, или не, во * Македонија и дали сегашната владата планира нов закон за јазици, тетовскиот градоначалник Билал Касами, едновремено и лидер на Беса, од коалицијата Вреди, одби да одговори, додека даруваше крв. Говорејќи на денешниот настан, што беше организиран за дарување крв, Касами рече дека овој настан е поважен од политичките теми, како што е употребата на албанскиот јазик.“објави ТВ 21.



Ова е доброволно дарување крв, се надеваме дека во овој случај со оваа акција ќе спасиме нечиј живот е многу поважна од… други политички прашања, за кои секојдневно даваме изјави.“ – кажа Касами.

Запрашан дали е тоа поважно од законот за јазиците, Касами е одговори потврдно: „Да, верувам дека е поважно од Законот на јазиците“.