Биљал Касами во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 негираше дека Алијанса за Албанците на Арбен Таравари е избркана од коалицијата ВРЕДИ, бидејќи, според него, Таравари сам излегол и заминал кај ДУИ.
„Секој што оди кај ДУИ, за да соработува со ДУИ, излегува“, вели Касами.
На новинарско прашање „дали излегол или вие го избркавте?“, Касами рече:
„Не, излегол. Тој (Арбен Таравари) сам излезе. За да оди кај Али Ахмети и кај ДУИ. Мора да излезеш одовде за да отидеш таму. Тој го прифати тоа (дека преговара со ДУИ). Тој го прифати… Го прифати“, изјави Касами.






