„Лидерите на коалицијата Вреди, која е дел од Владата, се оптимисти дека ќе бидат изгласани уставните измени.“ – објави ТВ Шења.
ТВ Шења пишува: Претседателот на Движењето Беса Билал Касами рече дека Владата е посветена да се надмине застојот и да се спроведат уставните уставни измени, како што рече, „за да се стаса Албанија и двете земји да бидат членки на ЕУ во 2030 година“.
„Нашето ангажирање како коалиција Вреди, но и како влада, е час поскоро да се надмине застојот и да се направат уставните измени, за да ја стасаме Албанија колку што ќе биде можно побргу и во 2030 година нашите две земји да бидат членки на ЕУ. Не би сакал да изнесувам информации, за кои се разговара во владата, но ние работиме засилено ова да стане реалност и сигурно потоа како влада ќе ги претставиме тие информации во јавноста“. – рече Билал Касами.
Вицепремиерот Изет Меџити не наведува рок кога ќе се случи тоа, но посочува дека има добра волја. Тој додава дека јавноста ќе биде известена навремено за секој нареден чекор.
„Го цениме тоа што работиме со нашите стратегиски партнери, со партнерите на Владата. Тоа е единствениот пат за граѓаните и за државата. Јавноста ќе биде известена за секој чекор, што ќе го постигнеме во оваа насока. Има добра волја.“
Најголем оптимизам од сите искажува Арбен Таравари од Вреди. Тој дури прецизира дека уставните измени ќе почнат во декември годинава.





