Касами потврдува дека Еди Рама се меша во внатрешните работи на Македонија

Лидерот на движењето БЕСА Билал Касами кое е дел од коалицијата ВЛЕН во изјава потврдува дека Еди Рама се меша во внатрешните работи на Македонија.



Според изјавата на Касами за Слободна Европа на македонски јазик албанскиот премиер Еди Рама преку Арбен Таравари се меша во внатрешните работи во Македонија.

Касами вели дека за ВЛЕН нема рационално образложение во ваква ситуација да има каква било комуникација и соработка со Али Ахмети и ДУИ при што открива дека од Тирана доаѓаат барања за соединување на албанскиот фактор во Македонија.

,,Ќе бидам подиректен, барањето на Тирана, што исто така е дел од објаснувањето дека сака да го соедини албанскиот фактор во Македонија, и тоа не држи, затоа што Албанците во минатото биле во многу во потешка ситуација. Тирана не имала, не покажала интерес да помогне на Албанците. Јас сум го кажал тоа јавно, во неколку наврати. Oфицијална Тирана во случајот пред председателот на Владата таму има реагирано во неколку случаи да го спаси Али Ахмети и ДУИ. Албанците се многу повеќе од ВЛЕН, ДУИ, БЕСА. Со еден збор, нема рационално објаснување за ваквиот чекор на Таравари”, вели Касами во изјавата за Слободна Европа.

Извор