Касами иронично се мајтапеше со „импровизираната влада на Ахмети“: Боже, чувај му го паметот!

Лидерот на Движењето Беса Билал Касами синоќа на собирот на албанската опозициска коалиција „Вреди“ во Струга иронизираше со „импровизираната седница“ на Европскиот фронт, на која „Али Ахмети е избран како премиер, Зијадин Села како претседател на Собранието, а Бујар Османи како претседател на државата“.



Информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА дополни во својата вест: „Касами изјави дека треба да му се молиме на Бога и за противниците, нагласувајќи Бог да им го чува паметот, бидејќи власта доаѓа и си заминува, додека умот е нешто најскапо.

Инаку, вчера во Собранието на Македонија, ДУИ импровизирала дека божем „се одржува седница на новиот состав на законодавниот дом по парламентарните избори“. Симулативната „седница на Собранието“ ја отворил претседателот на ДУИ Али Ахмети, кој „бил избран и како нов албански премиер“, а Зијадин Села како „претседател на Собранието.“ Откако „биле предложени уставните амандмани“, „Бугарите влегле во Уставот преку негова измена со гласање на 120 пратеници“. Откако „бил избран и прв албански претседател на државата“, Бујар Османи ја „прочитал и својата свечена декларација“.