Касами: Именувањето и преименувањето на улиците е коректен процес, кој не треба да се политизира и да се попречува

„Општина Тетово го започна процесот за именување и промена на имињата на улиците, а формирана е и комисија, која ќе работи на овој проект. Сепак, прашањето почна да се политизира преку општинските советници, па дури и партиските лидери. Градоначалникот на Тетово Билал Касами бара оваа иницијатива да не се политизира и да не се попречува, бидејќи нагласува дека сите партии имаат претставници во комисијата за именување и преименување улици.“ – објави ТВ 21.



Од друга страна, Касами на фејсбук-профилот ја објави својата изјава, во која наведува дека „со именувањето и преименувањето на улиците сите ќе бидат добитници, зашто секој граѓанин ќе има адреса точна со име и број, на која живее“.
Во изјавата тој истакнува: „Еден од најважните процеси за општина Тетово беше и именувањето многу улици, кои сме ги нашле без имиња, со броеви, како и улици, со кои кои ние, како локални институции, но и централни институции, но и приватни компании, имаме и имаат проблеми да им упатуваат на граѓаните разни фактури. Ние уште од доаѓањето на чело на општина Тетово започнавме со идентификување, регистрирање и сега сме во фаза на официјализирање на именувањето на улиците со одлуката на Советот на општината, кој формирал комисија во состав на членови од овој совет и членови-професионалци од администрацијата, од општината и други граѓани. Процесот продолжува на коректен начин од сите страни, кој е важен за општина Тетово, заради осовременување на градот и општината со изградба на нови улиции со реализирање нови проекти. Верувам дека со завршувањето на тој процес сите страни ќе бидат добитници, зашто секој граѓанин ќе има адреса точна со име и број, на која живее.“