Касами: ДУИ се плаши од локални избори, немаат достојни кандидати

 

Лидерот на Движењето Беса, Билал Касами, одговори на повикот на Али Ахмети, кој побара ВРЕДИ да ја напушти Владата. Касами рече дека Ахмети се плаши од локалните избори и оти во ДУИ се разговара за нивен можен бојкот.



„Се повеќе гледаме дека Ахмети се плаши од локалните избори и направи се за да избега од локалните избори и да ги бојкотира.

Нашите информации се дека внатре во ДУИ сериозно се зборува за неучество на локалните избори и на ова гледаме само како потег на Ахмети во насока на создавање алиби за да не учествува на изборите“, рече Касами.

На прашањето кој е интересот на ДУИ да ги бојкотира локалните избори, Касами рече дека ДУИ нема достојни кандидати за албанските општини.

„Случајот со Тетово и многу други општини, тие имаат проблем да најдат кандидати да излезат на избори, да се натпреваруваат. Ова го има и во Струга, Кичево, Гостивар и Чаир. Така што во главните општини, со ситуацијата со која се соочуваат, не можат да најдат кандидати и не можат да се организираат да учествуваат на изборите, бидејќи за нивна несреќа главниот човек што ја организираше целата изборна кампања е во егзил, за се што му се случи“.

„Не случајно бараат, имаат барање кое е нелогично и неприфатливо заедно со локалните избори да дојдат и парламентарните и знаат дека ова барање нема да биде прифатено и оценуваме дека тоа е алиби за да ги бојкотираат локалните избори“, рече Касами./Телеграфи/