По завршувањето на прегласувањето синоќа во тетовското село Ларце, во шестата тетовско-гостиварска заедница, лидерот на Беса Билал Касами им се заблагодари на гласачите, посебно на иселениците кои, како што рече, патувале илјадници километри, за да гласаат. За Европскиот фронт Касами рече дека се обиделе преку изманипулирани гласови да ја отуѓат волјата на граѓаните. Ова го објави ТВ 21.
ТВ 21 ја пренесува објавата на Касами на фејсбук: „Ларце ги докажа слободата, демократијата и покажа како е да не се биде клекнат. Голема благодарност до сите жители на Ларце, особено до иселениците, кои поминаа илјадници километри, за да гласаат достоинствено за Промената, која ВРЕДИ! Мултиетничкиот Европски фронт со изманипулирани гласови сакаше да ја отуѓи волјата на граѓаните. Но, сега Албанците им кажуваат на оние, кои се изјаснија самите себеси дека се ‘боксери’ во политиката: нека го фрлат белиот пешкир, бидејќи народот нив ги кутна на подот!“





