Карл Билд ги повика моќните од ЕУ да помогнат во спорот за името

„Мислам дека треба силно посветување од моќните ЕУ држави и институции за да се стигне до компромис за името. Без тоа балканската стратегија на ЕУ може да пропадне“, напиша вчера на својот „Твитер“ профил Карл Билд.



Во прилог на својот „твит“, копретседавачот на Европскиот совет за надворешни работи и поранешен министер за надворешни работи на Шведска, Карл Билт приложи текст од „Катимерини“ за вчерашниот протест за „одбрана на Македонија“ што се одржа во Атина.