Професорката по уставно право Тања Каракамишева со уште еден аргумент против уцената од партиите на Албанците за избор на претседател на државата во Собранието.
„Замислете на неодговорно Собрание, кое има неодговорни пратеници пред никого, пратеници кои се заштитени со слободно уверување, кои ‘прелетуваат’ од една во друга пратеничка група, без ронка совест за ветеното на избори, да им дадете уште и право да избираат претседател на Република!?“, прашува поранешната членка на Венециската комисија.






