Министерот за надворешни работи Бујар Османи, чиј слоган на претседателската кампања е „европски претседател“, меѓу (личните) придобивки од Рамковниот договор го издвојува претседавањето со ОБСЕ, кога станал „претседател на пола свет“, како што се пофали во емисијата „Вин-вин“ на Телма!
„По Рамковниот договор мене ми се овозможи не само да станам доктор на клиника, не само да станам министер, да станам и претседател на пола свет преку ОБСЕ“, рече кандидатот на „Европскиот фронт“ во антологиската изјава во интервјуто кај Оливера Трајковска што може да се слушне и види околу 9. минута од видеото:






