Уште еден грчки политичар се јави со предупредување дека никако „не смее да се даде“ името Македонија на Скопје, со што лидерот на националистичката Независни Грци.



За време на протоколарниот и традиционален новогодишен прием на лидерите на политичките партии во претседателската палата, претседателот на грчката партија Сојуз на центристи, Василис Левендис, на шефот на државата Павлос Павлопулос му упатил порака:

„Внимавајте, можеби за време на вашиот мандат, ќе се даде името Македонија на Скопје и тоа за вас ќе остави полош белег од договорите во Лондон и Цирих за кипарското прашање“ , му рекол лидерот на помалку експонираната Сојуз на централисти, на грчкиот претседател, пренесува МИА повикувајќи се на атинската агенција АПЕ-МПЕ.

Сојуз на центристи е мала грчка партија, која на последните избори во Грција одржани во септември 2015 година првпат влезе во парламентот, а нејзиниот претседател Василис Левендис е против терминот Македонија да биде вклучен во името на нашата земја.

Ист став има и Панос Каменос, лидерот на Независни Грци кој јсо своето инсистирање дека „Македонија“ бил грчки збор и дека никако не треба да се најде во името на северниотѕ сосед, создаде гриза во владејачкатакоалиција.

Каменос смета дека Грција треба да остане на позицијата од 1992 кога и тогашниот Совет на лидери на политички партии одржан под претседателство на Константинос Караманлис, донесе таква одлука. Тој се изјасни дека ќе гласа против секакво сложено име што ќе вклучува термин„Македонија“.

Каменос смета дека одново треба да се свика Советот на лидери, овој пат под претседатлство на Прокопис Павлопулос.

Павлопулос, да потсетиме, е жесток критичар на „Скопје“ и го смета името Македонија за грчко наследство.

Оттаму не изненадува што Павлопулос, според грчката новинска агенција, одговорил дека ќе го земе предвид ставот на Левендис.