Потпретседателката на САД Камала Харис ги обезбеди делегатските гласови потребни за да ја добие номинацијата на Демократската партија за претседател на Соединетите држави, објави Ројтерс.



Партиските делегати гласаа оваа недела, а Харис рече дека официјално ќе ја прифати номинацијата следната недела откако ќе заврши периодот на виртуелно гласање.

Харис стана фаворит за номинација на Демократската партија, откако и претседателот Џо Бајден се повлече од трката минатиот месец.

Таа брзо ја доби поддршката и стана единствениот кандидат кој се квалификуваше за претседателските прелиминарни избори на Демократската партија

„Веќе сум среќна кога знам дека имаме доволно делегати за да ја обезбедиме номинацијата“, рече Харис.

Таа мораше да го помине прагот од 2.350 делегатски гласови за официјално да ја обезбеди номинацијата.

Демократските лидери ветија дека ќе номинираат претседателски кандидат до 7 август, пред Демократската национална конвенција, која ќе се одржи од 19 до 22 август во Чикаго.