Дали со извесното разрешување на републичкиот обвинител Љупчо Коцевски ќе се поправи угледот и довербата во обвинителството?
Универзитетскиот професор Гордан Калајџиев смета дека покрај првиот човек, треба да има промени и на други раководни позиции за да има реални резултати. Со заминувањето на Коцевски од позицијата, кое вчера Владата го усвои и на седница, Калајџиев оценува дека се отвора пат за реформа во врвот на правосудниот систем.
„ Треба на некој начин да се тргнат барем од раководни позиции сите инволвирани освен државниот обвинител. Он во тој конфликт и да не е директно одговорен, ние никогаш нема да дознаеме кој нависина бил причина за конфликтот или колку придонел, меѓутоа он е тој шефот и не смеел да дозволи да настане таква ситуација. “-Гордан Калајџиев – универзитетски професор.
Кој ќе го наследи Коцевски, според професорот најмногу зависи од политичката поддршка. Во Македонија има пракса кандидатите прво да бараат партиска помош пред да се пријават на огласите, вели Калајџиев.
„ Властите кај нас е општопознато дека имаат желба да си донесат по можност свој обвинител и тоа не би било добро. Би било добро навистина да дојде еден ден човек со интегритет. Во крајна линија тоа нема да зависи само од властите, ќе зависи од тоа кој ќе се јави. Во обвинителството сигурно може да се најде човек со интегритет. “-Гордан Калајџиев – универзитетски професор.
Вчера Владата ја прифати иницијативата за разрешување на Коцевски, со наводите дека постапувал пристрасно имал судир на интереси, а под негово раководство обвинителството има нарушен углед и функционалност…
Следен чекор во процедурата за Коцевски е комплетниот предлог да биде испратен до Советот на јавни обвинители кои треба да дадат мислење, кое сепак нема да влијае врз крајниот исход од гласањето во Собрание.
Прашана за овој случај, американската амбасадорка Агелер денеска накусо изјави дека нема коментар и дека одблизу го следат процесот, со очекување дека ќе се испочитуваат законите.
видео:
извор: Канал5.мк






