Гордан Калајџиев, експерт по кривично право, во изјава за ТВ 24 по вчерашната анализа на првото рочиште за убситвото на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, вели дека нема конзистентност во обвинението против Љупчо Палевски – Палчо и другите соучесници.
„Почетокот ветува дека судењето ќе биде интересно за овој грозоморен настан. Најобичен посматрач може да види дека приказната на Обвинителство не е конзистентна. Приказната која што ја имаа е проблематична и мислам дека одбраната тоа ќе го користи“, вели професорот по кривично право.
Палевски рече дека е невин за делото за кое се товари, убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски. Палчо вчера пред судот кажа дека ова е политички монтиран процес и дека тој воопшто не се познава со таткото на Вања.
Откако го слушнаа обвинението Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев, Александар Ѓорчевски, кој е татко на девојчето и Љупчо Палевски – Палчо рекоа дека разбираат за што се обвинети, но негираат вина.
А во обвинението овој настан беше посочен како еден од најтешките кои се случиле во државата. Обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска рече дека ја вознемири целата јавност. Според неа се работи за настани кои претходно до детал биле планирани и разработени, а улогата на била да им помогне давајќи упатства за времето кога малолетната Вања, неговата ќерка, сама ке оди на училиште.
„Поради огромниот медиумски притисок, јас сум осуден уште пред да сум обвинет. Сакам да потенцирам дека еден од обвинетите под притисок и тепање ме посочил мене како сторител. Прв пат, пак, името на таткото Александар се појавува на 5 декември, откако еден од инспекторите му рекол да го каже. Намерата е јасна, да се конструира судски предмет што е сериозна политика.
Тој го оспори и мотивот на обвинителството дека бил од користољубие. Запраша како може да тврди дека претходно биле ископана дупка за убиството на Вања, а во исто време дека била грабната за да се изнуди откуп. Тврди дека нема докази за побарани пари од мајката на девојчето Зорица, и дека таа имала орочени девизи на подолг период во износ од 30 илјади евра. Нема никаква комуникација до 27 ноември 2023 меѓу мене и Александар иако обвинителството во обвинението напишало дека од него се добиени информациите, рече Палчо.






