Професорот и врвен критичар Гордан Калајџиев кој е член на комисијата за помилување во кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова вели дека ако Комисијата за помилување знаела дека помилуваниот Арачиновец извршил друго кривично дело тој немало да биде помилуван.
Професорот Гордан Калајџиев во разговор за Телма, кој е и член на Комисијата за помилување на чија листа се најде Акиф Равманоски, помилуваниот припадник на нарко кланот „Барон“, коментира откако криминалецот излезе од Идризово со документот дека е помилуван, но обивнителството го врати во притвор поради истрага за убиство во обид од пред 10 дена во Чаир.
„Конкретното пукање не само што не беше познато, туку беше после нашата одлука. И во судскиот систем се случуваат пропусти, кои не се намерни и ние не велиме дека овие се најдобрите. Никој нема апсолутни информации, а дел од тие информации се шпекулации. Значи кога би било докажано дека овој водач на клан, се дотогаш за него важи претпоставка на невиност. Од тој аспект гледано овие напади се неосновани и мислам дека повеќе имаат политичка позадина или едноставно таков ни е менталитетот. Ние имаме помалку помилувања од другите држави, а полоши услови во затворите,“ објаснува за Телма професорот Калајџиев.
На прашањето на Телма дали ако Комисијата за помилување знаела дека е осомничен за обид за убиство ќе го ставеле на листа за помилување, Калајџиев вели ,,да знаевме и да имавме некои релевантни податоци за тоа ќе бевме попретпазливи и најверојатно немаше да го ставиме”.






