Вардар одлично отвори, Шкендија продолжи уште подобро, а и Работнички остана на истиот стил. Скопјани и тетовци денеска имаа сериозни предизвици на патот кон третото коло во Лига Европа кое сега е можеби различно оддалечено од нив.



Работнички во Скопје, на комплексот на ФФМ одигра нерешено 1-1 со Динамо Минск и е во игра иако му претстои тешко гостување за седум дена. Многу полесно треба да и биде на Шкендија која во Струмица со пресврт го совлада Хелсинки со 3-1 и само треба да остане непоразена следниот четврток во Финска.

Еве ги кусо најзначајните моменти од двете средби. Во главниот град Работнички беше рамноправен партнер, но први гол дадоа Белорусите. Квашчински во 53. минута за 0-1 и потоа на истекот на времето и со играч помалку црвените преку Најденов од пенал успеаја да изедначат..

Во Струмица слично сценарио и комплетен пресврт. Хелсинки поведе преку Џалоу во 35. минута, но потоа на сцената стапи Ибраими. Во 45. изедначи од пенал, и продолжи. Во 59. минута погоди за водство, а во 63. минута исто од 11 метри за добра предност.