Негативниот природен прираст, кој од година во година е сè поголем, не е само прашање од висок национален интерес, туку и прашање за опстанокот на државата – затоа што без народ нема ниту држава, предупредуваат експерите. Најновите бројки од Државниот завод за статистика се поразителни – во првото тримесечје од 2025 година се родиле 3.526 бебиња, а умреле 5.398 луѓе. Бројот на родените во споредба со истиот период лани е намален за 2,9%, а бројот на умрените е зголемен за 3,8%, што значи дека во Македонија сè помалку се раѓаат и сè повеќе умираат. Природниот прираст во првото тримесечје останува негативен и изнесува минус 1.872 лица!
Уште позагрижувачки податок е дека бројот на склучени бракови изнесува 1.846 и е намален за дури 25 отсто во споредба со првото тримесечје во 2024 година.
Трендот е исклучително лош, а до 2070 година Македонија може да брои само половина милион луѓе!
Оваа бројка е дел од проекцијата за населението во земјава до 2070 година, која ја изготви Државниот завод за статистика во 2023 година, по пописот од 2022 година. Според таа проекција, во сите разгледувани варијанти, бројот на населението ќе се намалува, но прашање е колку и со кое темпо.
Целата анализа на:






