Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, по средбата со раководството на Македонија 2025, уште еднаш повика на обединување меѓу сите релевантни фактори во државата, но и на заедничко, практично делување за економски просперитет. Повторно укажа на потребата од подигнување на степенот на владеењето на правото и на пазарната економија, како и на запирање на сивата економија, но ја потенцира и важноста од подобрување на образовниот систем.

Најави прецизни, јасни акции и заеднички проекти со бизнисот од дијаспората, а врвен приротет, рече, ќе биде дигитализацијата на општеството.
Потребни се, рече Азески, професионализам, упорност, прифаќање на добрите искуства, регионализација и инкорпорирање во интеграциските системи. Според него, имаме доволно искуство и знаење, но грешката е во тоа што земјава цело време се потпирала на надворешни решенија.

Бизнисмените од Стопанската комора и од Организацијата Македонија 2025 порачаа дека земјава има капацитет, искуство и знаење како да се стаса до солиден економски раст.
- Бараме да се остане на тоа што е, значи воглавном тие три диспаритети за кои што ние зборуваме а едниот е тој континуитет на правни прописи при изборите кои што се донесени претставуваат фундаментално право за бизнисите во македонија. А тоа се односот на капиталот и трудот, односот на активното издржавантно население и токму ова прашање трето за кое што зборувавме тоа ја дава предвидливоста за бисзнисот и е многу значајно, изјави претседателот на Стопанската комора на Бранко Азески.
Со дијаспората, дополни, ќе се работи на заеднички проекти кои се од круцијално значење за државата.
- Ќе се работи и со инвеститори кои можат да го поттикнат економскиот раст што е доста слаб во изминативе 30 години. На едукативен план ќе го зголемиме енормно учеството за менаџери на извршни позиции на реномираните институции во Америка како би го поттикнале домашното менаџерство да придонесе и да се вклопи во меѓународните стандарди. Тука веќе имаме искуство од Македонија 2025 кое е значајно и ќе го искористиме во натамошниот период, рече Азески.
Според извршната директорка на Македонија 2025, Никица Мојсовска Блажевски, соработка со домашниот бизнис е голема.
- Македонија 2025 и Стопанската комора делат многу силна јасна заедничка визија, идеологија, а тоа е да имаме посилни бизниси, да имаме подобро деловно опкружување и да создадеме атмосфера во која бизнисите ќе растат, ќе отвораат нови работни места, ќе растат платите, а со тоа и државата ќе оди напред и ќе стигнеме до она што е посакувана дестинација на секој од нас, а тоа е повисок животен стандард, рече Мојсовска-Блажевски.

Бизнисмените потенцираа дека без јавни инвестиции не е можно да оди државата напред. Визијата на стопанствениците е со самото подобрување на бизнис камбиентот, ќе се зголемат и инвестициите на компаниите а тоа ќе значи подобрување на деловното окружување, раст на платите и зголемување на вработеноста.
- Не е важно колкав е долгот на државата важно е за што се трошат парите, ако тоа се праи кои што ќе се употребат за иднината, за инвестиции, нешто кое ќе го подобри деловното опкружување, инфраструктурата, ќе овозможи дали на компаниите повеќе да работат, дали образовниот систем да се подобри сето тоа е добро, вели Никица Мојсовска Блажевски.
Планот на бизнисмените е економијата во периодот што следи да испорача раст од најмалку пет отсто. Во моментов македонската економија е на самото дно од државите во регионот. Но, ваквата состојба се очекува да се подобрува бидејќи полека кризата со инфлацијата поминува а за д нас се веќе и изборите кои секако го кочат бизнисот.





