Во информација која ја дава јавниот обвинител Мустафа Хајрулахи а која остана малку забележана во јавноста се тврди дека Јавното обвинителство за корупција и организиран криминал не гонело три лица за дрога со огромна вредност.
Во емисијата Претрес која е емитувана пред два месеци обвинителот одговара дали има правда во Македонија.
Хајрулахи открива дека марихуаната со тежина од 1 тон и 200 килограми била најдена во магацини кај Качанички пат во Скопје но тројцата приведени никогаш не се гонети кривично.
Тој вели дека иако домашната експертиза односно вештачење од сериозна македонска компанија докажува дека се работи за дрога сепак ОЈО ГОК нарачува вештачење од Хрватска од каде што се утврдува дека дрогата имала недоволна количина на супстанцата ТХЦ поради што се третира како да не е дрога.
Марихуаната била садена во Кавадарци без никакви протоколи за медицинска марихуана.
Обвинителот Мустафа Хајрулахи кој е во скопското Вишо јавно обвинителство е суспендиран од страна на Државниот обвинител Љупчо Коцевски за наводни други четири случаи.
Ниту еден обвинител од Обвинителството за корупција и организиран криминал не е суспендиран ниту истражуван за случајот во кој дрогата поврзана со Трајче Заев не е санкционирана.
Делот од емисијата за овој случај на овој линк
https://www.facebook.com/share/r/1B2oj4dexV/?mibextid=WooX
https://www.facebook.com/reel/969871044656977/?mibextid=rS40aB7S9Ucbxw6v
Целата емисија Претрес






