Неговото апсење на почетокот на декември претставуваше главен удар на трговијата со кокаин.



Мартин, 33 годишен Србин, како што го претставуваат грчки медиуми, бил уапсен во момент кога сакал да купи нешто за освежување во улична продавничка во грчкото гратче Варкиза, во Близина на Атина.

Не пружал отпор кога полицаец му пришол и со два зафати го легнал на земја и му ги врзал рацете. Веднаш потоа, пристапиле и други полицајци за да проверат да не е вооружен.

Во неговиот луксузен стан на авенијата „Посејдон“, полицијата пронашла 135 килограми кокаин вреден пет милиони евра и дополнителни 12.000 евра во кеш.

Кокаинот бил наменет главно за богати клиенти.

Прелиминарната истрага откри дека во бизнисот биле вклучени и познати имиња од Атина.

Мартин, според „Ефимирида“ престојувал во Грција некое време пред да биде уапсен, водел многу скап живот и возел скап автомобил.