Со гласањето против САД во Обединетите Нации во врска со Ерусалим како главен град на Израел, Македонија освен ако не направила предходен договор со Вашингтон потенцијално ги загрози своите позиции во однос на прашањето за името и американската поддршка во тој процес.
Цела среќа што на листата на земји кои што гласаа против САД е и Грција, нашиот јужен сосед со кого го водиме спорот кој директно или индиректно во последниве 25 години го координира Вашингтон.
За разлика од Грција која што уште од времето на Папандреу постарот има одлични односи со низа муслимански земји меѓу кои и Палестина односно Палестинската Ослободителна организација, Македонија нема никакви посебни односи со овој дел од светот и никој немаше да се налути ако гласавме воздржано или ако воопшто не присуствуваме на гласањето.
Гласањето во ОН беше одлична шанса Македонија да заработи поени од САД во пресрет на финалната фаза од решението на спорот за името која што е пропуштена.
Предходно во неколку наврати во слични ситуации кога со ОН се гласало за однносите САД, Израел и Палестина, Македонија гласала воздржано како што е примерот со ноември 2012 година кога земјава гласала воздржано за палестинската предлог резолуција знамињата на земјите посматрачи, Палестина и Ватикан, да бидат ставени на јарболите пред седиштето на ОН во Њујорк.





