Каевски демантира дека тој и Спасовски го напуштиле состанокот на СДСМ

Пратеникот и портпарол на СДСМ Дарко Каевски ги демантира информациите во дел медиуми дека  на состанокот на Извршниот одбор, тој и ексминистерот  за внатрешни работи Оливер Спасовски демонстративно ја нашуштија седницата на која што се разговарало за пратеничките листи на СДСМ за изборите на 8-ми мај.



-Ова не е точно, станува збор за целосна невистина. Наводите во текстот целосно ги демантирам. Ширење невистини нема да помогнат никому. СДСМ е силна и оди на победа на изборите – напиша на Фејсбук Каевски.