На 20 годишнината од прераната и трагична смрт на принцезата Дијана, додека целиот свет со тага се сеќаваше, членовите на кралското семејство се обидоа да останат незабележани во јавноста.




Во последниот ден од август кралицата Елизабета со нејзиниот сопруг, принцот Филип и најстариот син на Чарлс, Вилијам останале на својот имот во Балморал. Фотографите забележаа дека сите се зад воланите на своите Rover Ranger возила возејќи релаксирано. Сакајќи да се држат настрана од медиумите, тие не дадоа официјална изјава за трагичната смрт и годишнината и мирно се возеа низ Шкотска. Да биде иронијата уште поголема, принцовите Вилијам и Хари во 1997. година престојувале токму таму, кога нивниот татко им соопштил дека остале без мајка.


Претходно оваа недела, синовите на Дијана, Вилијам и Хари, заедно со принцезата Кејт Мидлтон и одадоа почест на починатата Дијана пред палатата Кенсингтон во која живееше принцезата. Тие го посетија и големиот двор каде што во чест на  годишнината од нејзината смрт, насекаде беа засадени омилените цвеќиња на Дајана, белите рози.