И се заканил среде кафуле и тргнал да ја тепа – Кому му смета претседателката на Уставниот Суд?

Председателката на Уставниот суд Добрила Кацарска денеска во кафуле во Скопје била цел на нова закана само три дена по инцидентот во нејзината гаража во која и беше оставен кревет и забоден кујнски нож. Како што вечева објавија медиумите непознато лице, додека Кацарска седела во кафилето, и довикнал дека ќе одговара и тргнал физички да се пресметува но бил спречен од обезбедувањето на председателката на Уставниот суд



Инцидентот како што од Уставен и потврдиле на телевизијата претседателката го пријавила во полиција и не сакале да откриваат повеќе детали од овој втор инцидент со пораки и закани оваа недела кон Кацарска.

Кацарска ги судеше обвинетите за упадот во парламентот во медиумите наречен Крвав четврток.

Ова не е прва закана за Кацарска која пријави случај во средата, но е прв обид за физичка напад врз неа.

Од полицијата потврдија дека насилник од Богданци е приведен и ќе одговара за загрозување на сигурноста:

  • На (18.05.2024), полициски службеници од Полициската станица Центар во 14.00 часот го лишиле од слобода В.П.Г.(57) од Богданци, постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект во трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје упатил закани кон Д.К.(67) од Скопје, Со зборовите “ќе одговараш, страшно ќе одговараш” Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 144 од Кривичниот законик, одговорија од МВР на прашање на Телма.