“Бев дете. Тој беше возрасен. Ме тепаше и сексуално ме малтретираше. Никогаш потоа не го видов“, рече еден од најголемите боксери на сите времиња, најмладиот светски првак во тешка категорија, Мајк Тајсон, во интервју за ЕСПН. Во продолжението контроверзниот шампион потсети дека како дете растел во голема сиромаштија, дека таткото го напуштил семејството додека тој бил мал и дека мајка му и сестра му починале кога тој имал 16 години.



Никој не знаел дека Тајсон бил сексуално малтретиран како дете, па затоа по шокантното откритие, новинарот го прашал дали некому му кажал за овој случај. Целосно скршениот Тајсон најпрвин молчел, а потоа одговорил со прашање: “Зошто сме сѐ уште на оваа тема?“

Во кусиот разговор на Мајк признал и дека никогаш порано не зборувал за тоа и дека мисли дека настанот не оставил последици врз неговото ментално здравје, но и дека спортот односно боксот му помогнал да го надмине тоа.

„Секако дека гневот го носев во себе и нокогаш повеќе не дозволив некој да ме допре“, завршил Тајсон заборавајќи при тоа да потсети дека и самиот подоцна беше осуден за силување и дека одлежа затвор во траење од 3 години.