Македонската заедница од Мелбурн најави протест на 4 март под мотото „Ние сме Македонци во одбрана на Македониja“ .
Протестот ќе се одржи пред парламентот на државата Викторија.
„Апелираме до сите Македонци , нивните семејства, роднини и пријатели 4-ти март да го посветат на зачувување на името Македонија, македонскиот јазик, идентитет, Црква, култура и традиции.
Ние сите сме свесни дека над Македонија се надвиснати најцрните облаци и дека ни претстојат најтешките денови и најголематата неизвесност за да се задржи вековното име на Македонија како и идентитетот, јазикот, културата и историјата на македонскиот народ од растечките, екстремно националистички и расистички барања на Грција, Бугарија и Албанија“ се вели во соопштението на македонската Заедница од Мелбурн.
Вчера, 25 февруари, во Мелбурн се одржа протест под назив „Македонија е Грчка“ во организација на грчки организации во Австралија.





