Најдобриот играч на светот ќе допатува во Скопје и ќе биде во комбинација за настап за Реал Мадрид против Манчестер јунајтед во утрешниот УЕФА Суперкуп спектакл на „Телеком арена“. Веста дека на списокот патници за Македонија се наоѓа и Португалецот наиде на задоволство кај фановите на „кралскиот“ клуб, но беше изненадувачка за највлијателните шпански медиуми со оглед на подолгиот одмор што фудбалската ѕвезда го доби по Купот на конфедерации во Русија.



„Марка“ го поткрепува присуството на Роналдо во тимот со одличната кондиција во која се наоѓа по напорната индивидуална работа во слободното време. Весникот притоа нагласува дека Зинедин Зидан во Скпје ќе смета на сиот расположлив арсенал со кој го покори континентот во минатата сезона, а во експедицијата го вклучил и неговиот син Лука кој ќе биде трет голман на Реал утревечер.