Второто ветено линеарно зголемување на пензијата од 2.500 денари пензионерите ќе го добијат и всо мартовската пензија која ќе се исплати во април.
По ова зголемувањето на пензиите се враќа на старата методологија за пресметка на растот на пензиите.
Министерството за социјална политика, демографија и млади предложи измени на вонредните измени на законот направени лани, а кои важат за периодот 1 септември 2024 година до 31 август 2025 година.
Измените кои се веќе во Собрание ќе се носат во скратена постапка, а ќе важат по објавувањето во службениот весник.
Според новите измени, усогласувањето на старосната пензија која се исплаќа во земјава ќе се врши по старата методологија, односно според движењето на индексот на трошоците на животот во висина од 50% и порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во висина од 50%.
Во случај ако порастот на трошоците на живот се намалени, односно се со негативен предзнак, нема да се врши усогласување на пензиите.






