Поранешниот премиер и претседател на СДСМ, Зоран Заев, по подолго време се појави во јавност за да гласа во огранокот во Струмица за Венко Филипче како единствен кандидат за старо-нов лидер на опозициската партија.
Филипче од вкупно 23.712 запишани избирачи добил 18.001 глас, додека 139 ливчиња се неважечки, соопшти претходно претседателот на Централната изборна комисија Бранко Георгиевски.





