Ерменија размислува да поднесе барање за членство во Европската унија. Ова го изјави министерот за надворешни работи Арарат Мирзојан, кој настојува да изгради поблиски врски со Западот, пренесе Ројтерс.



„Во денешно време во Ерменија се разговара за многу нови можности. Нема да биде тајна ако кажам дека тука спаѓа и членството во Европската унија“, истакна тој.

Откако дојде на власт во револуцијата во 2018 година, ерменскиот премиер Никол Пашинјан ги продлабочи врските на Ерменија со Европа и Соединетите Држави, постојано предизвикувајќи го гневот на традиционалниот сојузник Русија.

Пашинјан ја обвини Русија дека сака да ја поткопа неговата влада.

Ерменија, исто така, ја обвинува Русија дека не ја заштитила од долгогодишниот ривал Азербејџан, кој се приближи до Москва во последните години.