Уставниот судија Осман Кадриу вели дека е противуставна одлуката на Уставниот суд за укинување на декларирањето на етничката припадност при вработувањата (балансерот“, смета дека таквата одлука е донесена врз национална основа.



„…со укинување на овие одредби, фактички и правно, де факто и де јуре, се укинува и апликацијата од уставот за правична и соодветна застапеност, бидејќи законот што се укинува сега е правно-контролен механизам и средство за спроведување на уставното право.

Второ, за кое сум обврзан да ја информирам јавноста, одлуката е донесена на национална основа, со надгласување… се укинуваат правата на немнозинските заедници во Македонија“, вели Осман Кадриу.

Не исклучува дека постоел политички притисок и од некоја политичка партија, но вели дека ова не може да го тврди.

За да нема вакви надгласувања на немнозинските заедници за прашања кои се директно поврзани со нив, Кадриу смета дека неопходно е внатре во Уставот да има механизам за двојно гласање, како што Собранието го има Бадентер.

„И во Уставниот суд доколку се оценува, за овие закони да се спроведе механизам кој би спречил надгласување“, изјави уставниот судија.

Одлуката на Уставен која Кадриу ја нарече нелегитимна, според него, создава штетни ефекти за државата, при што освен правни може да донесе и политички последици.ТВ21