Холандски и португалски истражувачи дошле до сознанија дека ако за време на диетата си дозволиме еден ден во неделата во кој можеме да го прекршиме режимот на исхрана и да изедеме некое омилено “забрането” јадење, поголеми се шансите дека ќе ја издржиме диетата.
Биле следени две групи испитаници кои сакале да ја намалат телесната тежина: првите секојдневно внесувале по 1.500 калории, додека другите шест денови внесувале по 1.300 калории, а седмиот ден 2.700 калории.

Забележано е дека испитаниците од првата група полесно ја губеле мотивацијата, додека другите, бидејќи знаеле дека седмиот ден ќе можат да јадат што ќе посакаат, имале поголема волја и биле помалку подложни да се откажат од диетата, а губењето на килограмите на двете групи било слично.





