И без „здравство“, партијата на Села останува во Влада!

Функција вицепремиер за реформи наместо министерство за здравство ќе ù биде понудена на Алијанста на Албанците, но дали партијата ќе ја прифати оваа понуда ќе се знае по враќањето на лидерот Зијадин Села од САД.



Во СДСМ, како што дознава Алсат-М, биле сигурни за оваа „рокада“, а веќе утре ќе се одлучувало кој ќе седне во фотелјата на екс-министерот Арбен Таравари.  Тој ја напушти функцијата министер за здравство откако на локалните избори беше избран за градоначалник на Гостивар.

Ова беше причина за шпекулации во некои медиуми дека Алијансата на Албанците, може да ја напушти владината коалиција, но во неколку последни изјави Зијадин Села го повтори ставот дека нема да замине од владата без да се спроведат реформите.

Во случај на евентуално заминување на Алијансата од владата, се шпекулира дека ДПА била подготвена да го зајакне мнозинството со нејзините двајца нејзини пратеници.