Игор Стефановски победи во втората денешна трка од Европскиот туринг шампионат одржана на патеката во белгиски Золдер. Иџе имаше технички проблеми и заврши како осми во првиот натпревар што му даде шанса да тргне од пол позиција во новата трка во која во ниту еден момент не го испушти водството. Одличната тактика и малата шанса за претекнување му овозможија на летечкиот Македонец да триумфира и да скокне во генералниот поредок во ЕТЦЦ шампионатот и во Чешка да има шанси да се бори за титулата.



Еве го прогласувањето од Золдер и радоста што Иџе ја сподели со најблиските и поддржувачите.

https://www.facebook.com/IgorIdzeStefanovski/videos/1167628253337064/