„На затворањето на ифтарската вечера во Елбасан со муслиманските верници, премиерот Еди Рама на крајот од својот говор го цитираше светиот повик на Пророкот Мухамед, за да ги повика и тој сите Албанци на единство и добрина. ‘Не вртете му го грбот на својот пријател.’ – цитираше Рама и потоа им посака на сите присутни верници да им бидат прифатени нивните молитви и постот. Ова го објави ТВ 21,
Телевизијата го пренесе повикот, кој го упати албанскиот премиер Еди Рама денес на ифтарската вечера, приредена во градот Елбасан, во Албанија: „На крајот на овој говор ќе изнесам овде еден повик, кој денес звучи со животно значење за Албанците и за Европа. Повик преземен од Пророкот Мухамед. ‘Не вртете му го грбот на пријателот, не раскинувајте ја врската меѓу вас, бидете браќа, слуги Божји. Нека биде прифатен овој повик, нека бидат прифатени постот и молитвата на сите наши сестри и браќа-муслимани присутни овде.“





