Италија: Кокаин по системот „достава до дома“

Банда од 11 Албанци кои продавале кокаин била разбиена во Италија.



Уапсените продавале висококвалитетен кокаин по системот „достава до дома“, а клиенти биле претежно бизнисмени и добро познати луѓе.

Порачките за кокаин се договарале преку телефонски повици со користење на различни кодови, а потоа дртогата била доставувана до клиентите, пренесува албански портал.

Во моментот на апсење полицијата открила 500 дози подготвени за продажба.