Италијанскиот дневен весник „Либеро“ ја претстави Македонија на своите читатели како нов рај за одмор.
„Одмор од соништата, само неколку часа лет од Италија, со евтини авиони и каде што подеднакво ниски се и трошоците за живот? Тука е решението за сложувалката: Македонија, нова туристичка дестинација. Во 2017 година земјата забележа раст на посетите и на резервациите од 33 проценти во споредба со претходната година (и трендот е во нагорна линија). Македонија нуди манастири, езера и антички градови. Автентичен бисер на Балканот, а и главниот град Скопје може да ви предизвика големи емоции. Најдобро време за посета на земјата е меѓу јули и август, особено за фестивали и локални настани, а климата е генерално блага во текот на целата година“, пишува „Либеро“ во текстот насловен „Македонија, нов рај за одмор, бум во резервациите, што нуди земјата“.






