Компанијата „Gragnano“, која произведува тестенини од 1912 година сакаа да го променат стариот дизајн на пакувањето на своите производи и склучиле партнерство со „Долче и Габана“.



Значи, ако се одлучите да купите една кутија во ретро стил, во која има четири завиткани тестенини од „Paste di Martino“ исто така, ќе ви дадат и престилка за готвење, но за тоа ќе мора да платите 95 евра.

За готвење со стил или за оние кои не знаат како да го трошат вишокот пари, Долче и Габана нудат пакувања со мотиви инспирирани од тесто, маслинки, босилек …

Кутиите се во ограничено издание од 5000 парчиња и се идеален подарок за претстојните божикни празници.

Освен на мотивите од тестенини со медитерански растенија D & G своето лого го пренесоа и на мали апарати за домаќинство, како што се фрижидери и микробранови печки на италијански бренд СМЕГ, но ќе ги најдете и на нивната облека, модни додатоци и чанти. Фрижидерот на Долче и Габана, за пример, чини околу 34.000 евра.