Истражување: Едно од четири лица барем еднаш пробало кокаин

Во државава не постојат континуирани и во пракса потврдени квалитени програми за превенција и употреба на дроги. Постои само едно советувалиште за млади кои употребуваат дроги. Просечната возраст на општата поулацијакога прв пат употребила канабис била околу 17 години, а во однос на преостанатите дроги, најниската возраст од 13 и помалку години е кога прв пат употребиле кокаин и екстази. При ноќни излегувања, речиси секој четврт млад човек од 18 до 35 години пробал кокаин.



Ова го покажа новото истражување на ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, организацијата која учествувала во регионалниот проект „Млади за млади, заедно да работат”, финансиран преку Еразмус + програмите, а реализиран во партнерство со организациите „Ре Генерација” од Белград и „Удруга Тера” од Ријека.

Истражувањето покажува дека половина од испитаните 119 млади на возраст од 18 до 35 години, рекле дека при ноќните излегувања употребуваат психоактивни супстанци.

Најупотребувана супстанца е алкохолот, односно вклучена е кај 44,5 отсто од вкупниот број на испитаници. Канабис употребиле 35,3 отсто од вкупниот број на испитаници, кокаин употребиле 24,3 отсто, а 21 отсто, односно 25 лица зеле екстази.

Согласно податоците, амфетамини користеле 16,8 отсто од вкупниот број на испитаници, односно 20 испитаници или 33,9 отсто од оние кои употребиле супстанци во последниот месец, а магични печурки употребиле 6,7 отсто од вкупниот број на испитаници.

Целиот текст прочитајте го тука.