Истрагата за случајот Крмзов е пред крај, допира до високи функционери од претходната власт

Истрагата за случајот Крмзов пред крај, а резултатите се повеќе од шокантни, информираше на денешниот брифинг со новинарите премирот Христијан Мицкоски.



Тој посочи дека Крмзов ширел невистини по интервјуа, што ќе се документира и докаже. Излегуваат нови и нови моменти, а случајот допира до високо позиционирани политичари од минатата власт. Неофицијално, бројките на криминалот се движат до околу 15 милиони евра.