Историски поуки: Македонија билa грчко кралство!

Спорот меѓу Република Македонија и Грција може да заврши. Македонија можеби ќе треба да се преименува во „Нова Македонија“, име кое се чини дека е прифатено од актуелниот политички естаблишмент во Грција.



За оние кои можеби не знаат, Македонија е античко кралство што историчарите често го класифицираат како грчко. Традиционалните територии на тоа кралство биле претежно лоцирани во денешните простори на Грција, Македонија и Бугарија. Кралството имаше брза експанзија во Азија и во Африка за време на освојувањата на Александар Македонски (често нарекуван Велики), лик чие наследство е во центарот на овие дебати“, пишува порталот Euscoop.

Според македонскиот премиер Зоран Заев, спорот ќе се приближи околу пролет оваа година, ако двете страни се подготвени да направат компромиси. Името што веројатно ќе задоволи најголем број на луѓе е „Нова Македонија“.

Грчките медиуми тврдат дека дел од коалицијата на Алексис Ципрас ќе го прифати тоа име.