Судењето на шест Хрвати во Хаг денес беше прекинато откако еден од обвинетите, Слободан Прљак, наводно, испи тров по изрекувањето на пресудата.
Прљак беше осуден на 20 години затвор, по што стана, рече дека ја отфрла пресудата и „испи нешто од мала чаша”.
Неговата бранителка рече дека тој „испил отров“, и неколку моменти подоцна биле спуштени завеси и директниот пренос од судницата бил прекинат.
Прљак, кој беше шеф на Главниот штаб на Хрватскиот совет за одбрана (ХВО) за време на воените судири на просторите на поранешна Југославија, беше изваден од судницата, а офицерот за безбедност побара „никој да не ја допира чашата“ и повикан медицински тим.
„Слободан Праљак не е воен злосторник, но со презир ја отфрлам вашата пресуда“, рече Праљак.
Хашкиот трибунал го завршува своето постоење со изрекувањето на оваа пресуда.





