Исмаили: Не злоупотребувајте ја болката на семејствата на 59-те починати за лични интереси! Потребно е служење на вистината и државата!

„Во своите вечни домови почиваат 59 фиданки! Стотици членови на нивните семејства имаат доживотни лузни. А вие продолжете да го барате она, што треба, но не злоупотребувајте ги чувствата и болката на мајките, татковците, браќата, сестрите и роднините на жртвите! Не со служење на тесни интереси на одредени поединци. Но само со служење на вистината, државата и подобрата иднина за сите!“ – нагласува новинарот Мефаил Исмаили во својата колумна, која ја објави информативниот портал „Алмакос“.



Мефаили пишува: Во моменти на најголема болка за целиот народ, државата и нашите семејства, не можевме да останеме достоинствени, да се солидаризираме со дела и дух, но се солидаризиравме само со зборови. Колку диво! Не можевме да бидеме достоинствени само 4 дена, до денот на погребот и додека се преправавме дека нѐ боли срцето и оти сме блиски со сите семејства и роднини на жртвите и повредените, се обидовме да создадеме медиумски циркус, глумејќи новинари, играјќи ја медиумската игра, правејќи се се и одговорни и „херои“!

Но, што направивме во реалноста?! Раширивме толку многу „вести“ и дезинформации, кои уште повеќе го подгреаја гневот на сите граѓани, ја направија уште потешка болката на членовите на семејствата и предизвикаа уште поголем очај кај сите граѓани.

Дури, во име на „извори на информации“ посеавме и многу страв за наводното подготвување меѓуетнички тензии и слични инциденти. И колку повеќе се повторуваше ова, толку повеќе ми го зацврстуваше уверувањето дека тие што наводно се „загрижени“ за инциденти, се тие што посакуваат и подгреваат инциденти.

Но, ако ви остана малку човечност, запомнете дека во трите претходни трагедии не се ни споменуваше поттикнување инциденти, туку беа пројавени солидарност и поддршка, како што беше искажано во Кочани! Во целата оваа голема трагедија многумина од нас се покажаа како крајно нечовечни, арогантни и бездушни! Како слаби, па дури и диви луѓе во такви големи трагедии!

Во своите вечни домови почиваат 59 фиданки! Стотици членови на нивните семејства имаат доживотни лузни. А вие продолжете од денес да го барате она, што треба, но не злоупотребувајте ги чувствата и болката на мајките, татковците, браќата, сестрите и роднините на жртвите! Не со служење на тесни интереси на одредени поединци. Но само со служење на вистината, државата и подобрата иднина за сите!

Кочани! Уште една рана која никогаш нема да зарасне!