Исламизираните Македонци веруваат дека Давкова со успех ќе ја води Македонија кон ЕУ, штитејќи ги и интересите на македонскиот народ!

Сојузот на Македонците со исламска религија – СМИР упати честитка до претседателката на Република Македонија проф.д-р Гордана Силјановска-Давкова по повод нејзиниот избор, посакувајќи ѝ плодна и успешна работа.



„Вашата инаугурација како прва жена Претседател на Република Македонија е историски момент, кој го поздравуваме со особено задоволство. Веруваме дека ќеја водите со успех државата и ќе покажете, оти може успешно може да се оди кон Европа, но и да се штитат интересите на македонскиот народ и граѓаните на Македонија.“ – се наведува во честитката, потпишана од Латиф Пајкоски, претседател на Сојузот на Македонците со исламска религија.