Сулимани: Мера на гордоста е колку има Албанци во власта, а враќањето на гордоста и државата на Македонците е македонски национализам?!

„Изборниот слоган на ВМРО ДПМНЕ ‘Да ја вратиме гордоста’ и и нивната реторика ‘Македонија на Македонците’ го поттикна македонскиот национализам. По преземањето на власта лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски тврдеше дека им ја вратил државата на Македонците, оти им ја вратил гордоста на Македонците. Но, кога е поделена државата еднакво и рамноправно, тогаш паѓа гордоста на ‘тврдокорните’, на ултранационалистите. Мерната единица на гордоста на луѓето, што ги застапува премиерот Мицкоски, е застапеноста на  Албанците во извршната власт!“ – пишува Џенис Сулимани, новинар-политиколог од Куманово, едновремено и магистер по надворешна политика, во својата колумна со наслов „Како се изгуби ВМРО ДПМНЕ во лавиринтот на политичката култура“.  Колумната е објавена на интернет-порталот на ТВ Шења на албански јазик. Во колумната авторот го омаловажува не само изборниот слоган на ВМРО ДПМНЕ „Да им ја вратиме гордоста и државата на Македонците“ и со „Македонија на Македонците“, туку во многу поголема мера ја омаловажува и националната гордост на самите Македонци како народ. Всушност, колумнистот како да не разликува дека во државата Македонија постои и живее таков народ, кој има самиот своја македонска национална гордост и кој се борел и се изборил да има своја национална држава како и сите други народи на Балканот, каков што е и случајот со Албанците. Од друга страна, авторот на колумната ги има предвид и ги нагласува само националните интереси на Албанците во Македонија. 



Во својата колумна Џенур Исени пишува: Државата Северна Македонија во моментов е предводена од коалицијата, која ја води ВМРО-ДПМНЕ. Последните изјави на протагонистите на оваа партија, кои се на раководни државни позиции, потврдуваат колку се исклучувачки настроени, колку ги исклучуваат другите.  Нивниот изборен слоган „Да ја вратиме гордоста“ и реториката „Македонија на Македонците“ го поттикна македонскиот национализам и автоматски ги исклучи сите други алтернативи, без разлика дали се тие уште понапредни и уште попросперитетни.  Овој начин на размислување автоматски ја негува мислата дека другите не се граѓани од прв ред.

Претходниот владин состав беше поделен меѓу СДСМ и ДУИ во размера 50 / 50 проценти, но по преземањето на власта, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски тврдеше дека им ја вратил државата на Македонците, оти им ја вратил гордоста на Македонците. Меѓутоа, мерната единица на гордоста на луѓето, што ги застапува премиерот Мицкоски, е застапеноста на  Албанците во извршната власт. Да, на граѓаните им треба враќање на достоинството и гордоста, но тоа само во смисла на социјална и економска благосостојба, квалитетен живот и еднакви можности.

Кога е поделена државата еднакво и рамноправно, тогаш паѓа гордоста на „тврдокорните“, на ултранационалистите. Оваа вмровистичка култура на владеење, веќе позната и докажана, не му остава впечаток на албанскиот политички чинител. Оваа култура на владеење, која сече како нож и ги дефинира дебелите линии „кој да биде татко на извршната власт, на државата, е типичен политички провинцијализам. Извршната власт мора да биде сеопфатно тело и во организирањето и во спроведувањето на политиките. Премиерот треба да биде координатор на работите на неговите министри, а не да ја држи вагата на лажната гордост, која е извор на политичкиот провинцијализам.

Денешната современа политичка организација докажува дека ниеден граѓанин, од која било вера или етничка припадност, нема да живее во земја, во која го третираат како измеќар, а не како слободен граѓанин. Ниеден слободен граѓанин не сака својот претставник, што го избрал да биде во извршната власт да го види како следбеник на политичка класа, која мисли да создаде некаква превласт во државата и политиката. Не, никогаш! Тоа е неприфатливо за демократскиот систем и за општеството, кое се повикува на либерални и напредни вредности.