Иран уапси 700 израелски платеници, тројца егзекутирани

ИранскитеЕ власти објавија дека уапсиле повеќе од 700 лица во текот на изминатите 12 дена поради наводни врски со Израел.



Fars News, медиум близок до иранските власти, ги нарече луѓето „израелски платеници“ и рече дека се запленети 10.000 дронови.

„Од почетокот на израелскиот напад врз Иран, разузнавачката мрежа на ционистичкиот режим е многу активна во земјата. Иранските разузнавачки и безбедносни служби успеаја да уапсат повеќе од 700 лица во рок од 12 дена“, објави Fars News.

Во меѓувреме, според извештајот на новинската агенција Mizan, тројца мажи се егзекутирани откако беа прогласени за виновни за шпионажа и соработка со израелската разузнавачка агенција Мосад.

Тие биле обвинети за шверц на опрема наменета за атентат, но не беа објавени дополнителни детали.

Иран претходно егзекутираше лица осудени за наводни врски со Мосад и помагање на израелските операции на негова територија.