„Иранците ги информираа катарските и оманските медијатори дека сериозно ќе преговараат само откако Иран ќе го заврши својот одговор на превентивните напади на Израел“, изјавил функционер, кој зборувоал под услов да остане анонимен за Ројтерс..
Иран „јасно стави до знаење дека нема да преговара додека е под напад“, рече функционерот.
Израел неочекувано започна ракетен напад врз Иран во петокот наутро, уништувајќи го највисокиот ешалон на воената команда на Иран и оштетувајќи ги неговите нуклеарни постројки.
Иран одговори со испукување ракети врз цели во Израел, ескалирајќи го најголемиот судир досега меѓу двата долгогодишни непријатели.
Ирански функционер, исто така, за Ројтерс изјави дека медиумските извештаи дека Иран апелирал до Оман и Катар да ги ангажираат САД да посредуваат во прекин на огнот и да продолжат со нуклеарните разговори се неточни.






