„Инфошќип“: Вреди не ја сака Лотаријата, со која управувајќи Груби и ДУИ створија врски со српското, бугарското и македонското подземје!

„Вреди го започнува добро своето владеење. Според извори внатре во оваа коалиција, Вреди јасно и категорично се дистанцирала од Лотаријата на Македонија, не сакајќи да има никаква врска со оваа институција, која беше најголемото достигнување на ДУИ во претходната влада. Околу работењето на Лотаријата ДУИ создаде врски со српското, бугарското и домашното подземје. Нејзин директор во Лотаријата е Прпарим Бајрами, Груби, десната рака на Артан Груби. Оваа институција ѝ нанесе големи штети на младината, посебно на албанската младина.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Инфошќип“ во својата информација со наслов „Вреди поинаку од ДУИ: ја напушта Лотаријата, надоместувајќи ја со институции од полза за Албанците“.



Натаму „Инфошќип“ пишува: Од Лотаријата со потпис на Прпарим Бајрами и со согласност на Артан Груби беа купени апарати за казино, вредни милиони евра. Со овие пари можеа да се употребат за изградба на детски градинки, училишта, или за амбуланти. Вреди постојано предупредуваше за деструктивните појави, што ги донесува Лотаријата кај албанската младина, како и за големите финансиски злоупотреби, кои ги прави ДУИ.

Неофицијално се дознава дека Вреди наместо со Лотаријата решила да владее со институции, кои им овозможуваат на албанската младина и на албанските граѓани грантови и проекти за вработување.