Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најави иницијатива за изгласување недоверба на членовите на Судскиот совет, избрани од Собранието. Претседателот на Владата на Република Македонија христијан Мицкоски смета дека е потребно формирање нов Судски совет, кој ќе биде независен и без партиски влијанија. Опозицијата тврди дека овој предлог е, наводно, „можност за партизација на Советот од страна на власта“. СДСМ бара и „темелни реформи во правосудството со консензус на сите партии“.
Претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски истакна дека „законски, постапка за разрешување членови на Советот постои само во Законот за Судски совет“. Според Мицкоски, иницијативата, која пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поднесат во законодавниот дом за отповикување на членовите на Судскиот совет, ќе значи чекор кон длабоки реформи и ослободување на правосудниот систем од контроверзи и корупција.
Сепак, премиерот Мицкоски појасни дека, и покрај тоа што ќе се изгласа интерпелација, членовите на Судскиот совет ќе можат да бидат и натаму дел од Советот, нагласувајќи: „Кога ќе ти изгласа недоверба тој што те избрал, тогаш не е добро да продолжуваш да водиш инает.“
Home Македонија Иницијатива на ВМРО ДПМНЕ за изгласување недоверба на составот на Судскиот совет,...





